DGTUT ‘’M-V Profesional’’ е градежна компанија со дух на подобрување, иновативност и строгост секогаш да нудиме највисок квалитет.

Ние сме градежна компанија со дух на подобрување и строгост. Секогаш нудиме највисок квалитет. Се залагаме за подобрување на заштитата на животната средина, одржување и развој на спроведениот систем за управување.

Оваа политика е насочена кон развој на сите активности и процеси прифатливи за животната средина на начин и во рамките на следниве раководни принципи:

  • Заштита на животната средина преку намалување на загадувањето на воздухот, водата, почвата и управување со отпад;
  • Постигнување на согласност со правните и доброволно прифатени барања за заштита на животната средина кои се однесуваат на активности, процеси, производи и услуги на Компанијата и нивните аспекти;
  • Економичната потрошувачка на природните и енергетски ресурси;
  • Намалување на минимум и по можност спречување на загадувањето на животната средина преку прифаќање на долгорочни и краткорочни програми;
  • Примена на најдобрите достапни техники и технологии, кога е можно и економски соодветно;
  • Стремеж кон повторната употреба и рециклирање на генерирање отпад, како и нивното правилно искористување и депонирање;
  • Набљудување и мерење на клучните карактеристики на процесите и активностите кои имаат значајно влијание врз животната средина;
  • Обезбедување на потребната обука и зајакнување на персоналната одговорност кон заштита на животната средина;
  • Активна соработка со овластените организации за контрола на животната средина.

Вработените одговорно и доследно се грижат за заштита на животната средина, како и почитување на принципите кои произлегуваат од спроведениот систем за управување.