Клучот за нашиот успех се крие во нашите работници. Работниците работат во безбедни и здрави услови. Постојано вложуваме за нивни раст и развој со честите обуки за здравје и безбедност при работа и професионални обуки адаптирани за секој вработен.
Компанијата прифаќа одговорност:
- Да обезбеди и одржува безбедни и здрави работни услови во нивните простории и како и во просториите на клиентите, земајќи ги предвид релевантните законски барања.
- Да обезбеди безбедносна и здравствена обука за вработените релевантна за нивните конкретни операции, со цел за безбедна и ефикасна работа.
- Соработка со сите заинтересирани страни со отворен и културен дијалог, со цел заеднички да се допринесе за подобрување на безбедноста и здравјето при работата
- Да стават на располагање соодветни безбедносни уреди и заштитна опрема.
- За одржување на континуиран интерес за здравјето и безбедноста на сите вработени кои се вклучени во работни активности на компанијата.
- Компанијата активно ќе врши проценки на ризикот на сите аспекти на работењето.
- Да се осигура дека сите вработени се свесни за своите одговорности во однос на безбедноста и здравјето, како и животната средина.
Вработените во компанијата имаат обврска да соработуваат во оваа цел:
- со безбедно и ефикасно работење,
- со правилно користење на сигурносни уреди и заштитна опрема,
- со исполнување на законските обврски,
- со известување за инциденти кои може да доведат до повреда или штета,
- со почитување на работните процедури и следење упатства со цел да се придонесе за заштитата на здравјето и безбедноста,
- со соработка во истрагата на несреќи со предметот на воведување мерки за да се минимизира можноста од повторување,
- со одговорно однесување и превземање на безбедносни мерки, намалување на ризикот од повреди и здравствени проблеми