Се стремиме кон успешна и долготрајна соработка со нашите клиенти. Нашите проекти се симбол за квалитет и долготрајност. Тие претставуваат топол дом за стотина задоволни клиенти. Ги следиме новите трендови во градежната индустрија и континуирано вложуваме во својот развој и потребите на пазарот.
За ефикасно спроведување на нашата политика за квалитет, Раководството определува основни цели за квалитетот:
- проширувања на пазарните зафаќања од Компанијата за секоја година
- пораст на продажбите
- зголемена реализација на објекти од нискоградба и високоградба
- намалување на рекламациите од клиенти – бројка или финансов еквивалент
- зголемување на оперативната и економичната ефективност при реализација на објекти
- проширување на дејноста на територијата на државата
За постигнување на овие цели, напорите се насочени во исполнувањето на следните дејности/работи и задачи:
- разработка и поддршка на флексибилна маркетинг политика
- реорганизација и подршка на сектор за набавки, кој ќе овозможи набавка на материјали со соодветен квалитет и ќе остави простор на оперативата да посвети поголемо внимание да истите се вградат со соодветни методи
- во тековната година да се насочат активности за посоодветно презентирање на Компанијата пред клиентите
- осигурување и поддршка на ефикасна и безбедна работна средина
- обезбедување на висококвалификувани кадри со воспоставена континуирана обука. Подржување на потребните професионални сертификати за работниците
- квалитетно контролирање на сите фази при реализација на објектите